Американската војска создаде очила со кои војниците можат да гледаат низ ѕидови

- Advertisement -

Додека технолошките компании како Google и Apple развиваат паметни очила со подрршка за проширена или виртуелна реалност, на чии стакла би се прикажувале слични известувања како и на екраните на паметните телефони, американската војска работи на своја верзија на очила кои ќе се користат во многу поопасни услови – на боиштата. Во некои ситуации на блиска борба, кога војниците не можат да видат што има зад некој ѕид, честопати можат само да стојат сокриени и да ја проверат ситуацијата. Но, така ги ризикуваат животите затоа што од другата страна може да има непријател со прстот на пушка.

За да не мора да гледаат од позади возила, ѕидови или зад ќошеви, на војниците во иднина ќе им треба посебна технологија која ја разви американската војска наречена Integrated Visual Augmentation System (IVAS). Станува збор за очила кои можат да гледаат низ ѕидови и оклопни возила. Сепак, не станува збор за неверојатно откритие со помош на кое навистина ќе можеме да гледаме зад ѕидови, туку за комбинација од камери и сензори кои проектираат слика на очилата.

- Advertisement -

Така, војниците кои се наоѓаат во оклопно возило нема да мора да ѕиркаат надвор за да ја извидат ситуацијата, туку на екраните на нивнтие очила ќе се прикажуваат слики од бројните камери поставени на возилото. Освен користење посебни камери на возилата, такви камери и сензори може да се поставуваат и на пушките кои е доволно да се протнат зад некој агол на зграда и да гледаат што има таму. На пушките може да се постават и термални камери кои ќе овозможат гледање во мрак, а на очилата може и да се прикажуваат и дигитални мапи, што ќе го олесни движењето и навигацијата, особено на непознат терен.

Користењето таква технологија и очила ќе го намали бројот на жртви, додека наголемо ќе ја покачи ефикасноста на бојните полиња. Американската војска планира да инвестира околу 1,1 милијарди долари на системите IVAS и сакаат да купат дури 40.000 такви системи за да опремат пешадија која во некои идни судири ќе биде на првата борбена линија.

- Advertisement -

(Popular Mechanics)

Сподели!
- Advertisement -