Apple го најави отворањето на својот Европски силициски дизајн центар во Минхен, со што тој германски град ќе стане развојно седиште на Apple во Европа. Имено, Минхен веќе е најголе инженерски центар на Apple со повеќе од 1.500 инженери од над 40 земји кои работат на различни проекти – од управување со енергија до безжична технологија.
Новиот центат вклучува и инвестиција од над 1 милијарда евра во истражување и развој во наредните три години.
„Не можам да бида повозбуден поради се што ќе открие нашиот инеженерски тим во Минхен – од истражување на новите граници на 5G технологијата до нови генерации технологии кои ќе донесат сила, брзина и конектираност на светот“ изјави Тим Кук, шеф на Apple и додаде дека Минхен е клучно место за Apple за последните четири децении.
Како што велат од Apple, ова проширување е последниот чекор во долготрајните напори на Apple за изградба на тим од инженери од светска класа во Минхен и во дел од Германија. Новиот центар ќе биде дом и за се поголемиот мобилен оддел во Apple и ќе стане најголемо европско средиште на Apple за истражување и развој на мобилни безжични технологии и софтвер.
Новиот центар ќе има површина од 30.000 квадратни метри во центарот на Минхен, а од Apple очекуваат да се вселат до крајот на 2022 година. Како и сите други центри на Apple во светот, и овој ќе користи целосно обновлива енергија.
(Zimo)
Фото – Pixabay