Европската агенција за лекови ја одобри вакцината на Johnson & Johnson

- Advertisement -

ЕУ може да смета на уште 400 милиони вакцини против корона вирусот. Европската агенција за лекови ја одобри и вакцината на компанијата Jаnssen, зад која стои светски познатата компанија Johnson & Johnson. Станува збор за досега единствената вакцина против корона вирусот која предвидува вакцинација со една доза, која долго може да се чува во обичен фрижидери и чија ефикасност е 67%.

Со договор, кој со производителот го потпиша Европската комисија, однапред се обезбедени 200 милиони дози од вакцината и е осигурана набавка на уште 200 милиони.

- Advertisement -

Вакцината на Janssen е четвртата која доби дозвола за употреба на територијата на ЕУ, со што бројот на дози кои ги обезбеди Унијата досега изнесува 1 милијарда и 864 милиони дози. Од производителите Pfizer и Biontek се обезбедени 604 милиони дози, од Modernа 460 милиони, од AstraZenecа 400 милиони и сега од Jenssen 400 милиони дози.

Европската комисија потпиша договори за набавка со уште две компании – Curevac, од која се очекуваат 405 милиони дози и Sanofi, со која е потпишан договор за 300 милиони дози, а за кои и понатаму е неизвесно дали ќе бидат испорачани поради проблемите кои ги има компанијата со развојот на вакцината.

- Advertisement -

Во постапка на проценка на квалитетот, ефикасноста и безбедноста се уште две вакцини со кои Европската комисија нема потпишано договор, но земјите-членки на ЕУ можат да преговараат за набавка. Тоа се вакцината Sputnik V на рускиот институт Гамалеј и вакцината на американски Novavaх, а евентуално одобрение се очекува во текот на наредните месеци.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -