НАСА: Потенцијално опасен астероид наскоро ќе прелета покрај Земјата

- Advertisement -

На 21 март покрај Земјата ќе прелета најголемиот астероид оваа година, а астрономите ќе добијат ретка можност да ја набљудуваат карпестата реликвија создадена во раните денови на нашиот Сончев систем.

Астероидот 2001 ФО32 ќе помине на растојание од 2 милиони километри, што е 5 пати поголемо од растојанието помеѓу Земјата и Месечината. Затоа НАСА наведува дека не постои закана да ја погоди нашата планета, ниту за девет дена, ниту следните векови.

- Advertisement -

“Го откривме FO32 пред 20 години и оттогаш го следиме, па затоа ја знаеме неговата точна траекторија. Нема шанси овој астероид да се приближи до Земјата на растојание помало од 2 милиони километри”, изјави планетарниот научник Пол Чодас од НАСА.

Астрономски гледано, оваа далечина не е толку мала и уште во 2001 година FO32 беше прогласен за „потенцијално опасен астероид“.

- Advertisement -

Имено, астероидот кој е категоризиран како потенцијален опасен објект (PHO) или како објект близу Земјата (NEO) не значи автоматски дека таквото тело претставува закана за нашата планета.

НЕО е секој објект што поминува во близина на Сонцето на растојание помало од 1,3 AJ (астрономска единица). AJ ја означува приближната оддалеченост на Земјата од нашата sвезда и изнесува 150 милиони километри. Ова значи дека се работи за тела што ќе поминат близу до нашата планета во релативна смисла. На пример, некој астероид од категоријата NEO може да помине на растојание од 6,3 милиони километри од нашата планета, што е всушност далеку. За споредба, Месечината е во просек оддалечена од нас 384.400 километри.

- Advertisement -

Потенцијално опасен објект (PHO) е вселенски објект чиј дијаметар е поголем од 140 метри и кој поминува на растојание од 0,05 AJ (7.500.000 km) или помалку од Земјата.

За девет дена, FO32 ќе прелета покрај нас со брзина од 124 000 км / ч, што е побрзо од повеќето астероиди кои залутале во нашата област. Причината за ова е неговата навалена и издолжена (или ексцентрична) орбита околу Сонцето.

Астероидот забрзува додека патува низ внатрешноста на Сончевиот систем, како скејтбордер кој се ослободува од горниот дел на рампата, а потоа забавува додека се враќа на подалечните делови. Неговата орбита трае 810 дена (околу 2 1/4 години).

Според најновите проценки, дијаметарот на 2001 FO32 е помеѓу 440 до 680 метри.

На 21 март, астрономите ќе можат попрецизно да ја анализираат неговата големина, или колку светлина се рефлектира од површината, и на тој начин да добијат груба идеја за неговиот состав.

Имено, кога сончевата светлина ќе ја достигне површината на астероидот, некои од неговите минерали ја апсорбираат, а некои ја одбиваат. Астрономите можат да ги анализираат хемиските „отпечатоци од прсти“ на минералите на неговата површина со анализа на брановите должини што се одбиваат од површината, објави НАСА.

Извор – Канал 5

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -