Развиена вакцина која е 96% ефикасна против оригиналната верзија на корона вирусот

- Advertisement -

Вакцината против КОВИД-19 на компанијата Novavax Inc има 96% ефикасност во спречувањето на заразата предизвикана од изворната верзија на корона вирусот во доцната фаза од испитувањето спроведено во Обединетото Кралство, соопштија од компанијата вчера.

Вакцината имала ефикасност од околу 86% во заштитата од позаразните варијанти на вирусот, кои сега преовладуваат во Обединетото Кралство. Вакцината имала ефикасност од околу 55% во посебно, мало испитување спроведено во Јужна Африка, каде што доброволците првенствено биле изложени на другата, понова и позаразна варијанта која се шири таму и во светот. И во двете испитувања вакцината имала 100% ефикасност во превенцијата на потешки форми на болеста и смрт.

- Advertisement -

Рeзултатите од конечната анализа на испитувањата во Велика Британија главно се во согласност со привремените податоци објавени во средата, кои исто така покажаа дека вакцината на Novavax има 96% ефикасност против изворната верзија на корона вирусот и околу 86% ефикасност против британската варијанта.

Од компанијата очекуваат тие податоци да ги искористат за поднесување барање за одобрение во многу земји. Не е познато кога ќе се побара одобрување во САД ниту дали американските регулатори ќе бараат да се доврши испитувањето кое е во тек.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -