Huawei стартуваше глобална програма за жени девелопери

- Advertisement -

Huawei ја стартуваше својата програма Women Developers (HWD), чија цел е да се поттикнат жените девелопери на создавање апликации и алатки кои можат да го променат светот. Програмата е наменета за мотивирање што повеќе жени да се вклучат во развојот на технолошки иновации, овозможувајќи им платформа за развој на кариерата и оспособување. Секоја жена девелопер од целиот свет може да се регистрира и да се приклучи во програмата на официјалната страница на Huawei Women Developers.

Huawei смета дека во дигиталната ера на жените мора да им се пружат повеќе прилики и поддршка за да им се осигура пристап до образование кое им е потребно за да бидат поконкурентни во дигиталната економија.

- Advertisement -

„Веруваме дека жените ќе ја предводат технолошката иновација. Се надеваме дека програмата Huawei Women Developers ќе им помогне на жените подобро да ги искористат своите таленти и својата вредност и ќе и овозможи да ги покажат своите лидерски способности. Тоа ќе им помогне да го направат светот подобро место за живот“ изјавија од Huawei.

Huawei Women Developers е најновата иницијатива која ја претстави компанијата како дел од својата преданост за промовирање на родовата рамноправност. Програмата ќе им овозможу на учесниците да се едуцираат за технолошки иновации и можностите за развој на кариерата. Huawei се надева дека ќе создаде посебна заедница за жените девелопери на платформата Huawei Women Developers и ќе организира низа онлајн и офлајн настани.

- Advertisement -

(SEEBiz.eu)

(фото: Huawei Women Developers)

Сподели!
- Advertisement -