Вредноста на биткоинот надмина 60.000 долари, што ја надмина рекордната вредност на таа криптовалута.
Вредноста на биткоинот на платформата Binance скокна за 5,77 проценти и достигна цена од 60 104 долари. Од почетокот на оваа година, биткоинот порасна за 80 проценти, а во последните 12 месеци неговата вредност се зголеми за 570 проценти.
Неколку фактори придонесоа за неговиот вртоглав пораст, вклучително и зголемениот интерес на големите институционални инвеститори, како и инвестициите од корпорации како Тесла, Сквер и Микростратеџи во оваа крипто валута.
Биткоинот е криптовалута измислена од непозната личност или група луѓе во 2008 година, користејќи го името Сатоши Накамото.
Тој е децентрализирана дигитална валута без централна банка или претседател, кој може да се испрати од еден корисник на друг корисник директно, без посредници, преку биткоин мрежата.
Фото – freepik