Корисниците на апликацијата Maps ќе можат сами да додаваат фотографии и улици кои недостигаат

- Advertisement -

Компанијата Google воведува нови начини на кои корисниците можат да дадат свој придонес во апликацијата Maps. Имено, Google најави три нови начини кои ќе ја направат апликацијата поинформативна и попрецизна, односно покорисна кога луѓето ќе проверуваат локации преку интернет пред да се упатат таму.

Во текот на април корисниците ќе можат да пристапат до предизвикот Local Love, а тоа важи за кориснциите на Android во САД. Таму ќе се појави опцијата за придонес во давањето информации за 100.000 деловни субјекти во делот Contribute. Освен што корисниците ќе можат да оставаат коментари и оценки, ќе може да се потврдат и да се додадат информации како работно време и сл.

- Advertisement -

Google, исто така, ќе им овозможи на корисниците да прикачуваат фотографии од одредени локации со краток текстуален опис. Тие фотографии може да се однесуваат и само на промена на изгледот на локацијата без потреба за оставање коментари или оценки, Фотографиите ќе може да се видат во табот Updates.

Google подготви и можност за пријавување промена на мапите со помош на десктоп алатки за уредување. Корисниците ќе можат да додадат кои патишта недостигаат со помош на опцијата „Edit”. Освен тоа, ќе може и да се промени насоката на патиштата и да се направат исправки или целосно да се отстранат неточните патишта. Ќе биде дозволена и промена на називите на одредени улици кога повеќе не се точни. Се разбира, сите промени Google ќе ги проверува пред да бидат прифатени и достапни за останатите корисници на Maps.

- Advertisement -

Овие можности во наредните месеци ќе бидат достапни во 80 земји во светот.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -