Илон Маск по деветти пат ја лансираше ракетата Falcon 9 со сателити за вселенски интернет

- Advertisement -

Компанијата SpaceX вчера лансираше нови 60 сателити за Starlink вселенскиот интернет, а ја употреби истата ракета Falcon 9 по рекорден деветти пат. Ракетата беше лансирана од Вселенскиот центар Кенеди на НАСА и тоа е второ лансирање по само неколку дена откако беше лансирана втората Falcon 9 во четвртокот од Кејп Канаверал со 60 Starlink сателити.

После вчерашното лансирање ракетата успешно се врати на Земјата и слета на бродот-дрон Of Course I Still Love You во Атлантскиот Океан. Тоа беше рекорден деветти лет за истата ракета, односно успешно полетување и слетување. Истата ракета се користеше и за пет претходни лансирања, како и DM-1 мисијата кога беше лансирана Crew Dragon капсулата.

- Advertisement -

Лансираните сателити се дел од констелацијата Starlink, која SpaceX ја гради за да овозможи пристап до интернет за руралните делови од Земјата. Компанијата има дозвола да лансира 12.000 сателити во овој проект, а моментално во орбитата има повеќе од 1.000.

Исто така, Starlink веќе го користат околу 10.000 луѓе во бета програмата која почна минатата година. Starlink опремата се состои од антена и рутер кои чинат 499 долари, а месечната претплата изнесува 99 долари. Брзината на интернетот засега се движи од 70 и 130 Mbps.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Starlink)

Сподели!
- Advertisement -