Модерни алхемичари го претвораат јаглерод диоксидот од воздухот во дијаманти

- Advertisement -

Отстранувњето на јаглерод диоксидот од атмосферата до неодамна беше решение за климатските промени. Тој процес е неисплатлив, мачен, но тоа нaскоро може да се промени. Идејата за собирање на CO2 од воздухот и искористувањето за изработка на вредни производи пред тој стакленички гас дополнително да ја загрее Земјата звучи како заводлив маркетинг, посебно ако се споменуваат предмети кои траат вечно. Ова алудира на производство на дијаманти.

Две компании моментално продаваат дијаманти направени во лабораторија од CO2 собран од воздухот. Како што објаснува Рајан Ширман, основач и извршен директор во компанијата Aether од Њујорк, секој карат дијаманти отстранува 20 тони CO2 од атмосферата. Тоа е повеќе гас отколку што може да создаде еден просечен човек во една година, додава тој.

- Advertisement -

За дијамантите да настанат по природен пат потребни се милијарди години, но Ширман појаснува дека осмислил процес кој чека на одобрение на патент со помош на кој дијамантите ќе можат да се произведат во лабораторија за само четири недели.

За разлика од другите дијаманти произведени во лабораторија, неговиот процес почнува со собирање на јаглерод диоксид од воздухот. Потоа гасот поминува низ хемиска реакција, каде што се изложува на висок притисок и екстремно високи температури. За производството се користи енергија од Сонцето, енергија од ветрот и хидраулична енергија.

- Advertisement -

Неговата компанија Aether продава така произведени дијаманти од почетокот на 2021 година по цена од 7.000 долари за прстен и 40.000 долари за обетки. Но, Aether има и конкуренција во британската компанија Skydiamond, која ја основаше претприемачот и активист за околината Дејв Винс, кој вели дека поминал пет години истражување како да произведе неутрални дијаманти, како што ги нарекува тој.

Компанијата Aether дел од CO2 што го користи го купува од компанијата Climeworks со седиште во Цирих, која го собира јаглерод диоксидот од воздухот користејќи вишок топлниа која ја испушта градската фабрика за согорување отпад. Тој CO2 се испраќа во фабрика во Европа, каде што се претвора во метан, кој потоа се испраќа до реактор во Ликаго, каде што со помош на притисок и топлнива која се создава од обновливи извори на енергија се претвора во дијаманти.

- Advertisement -

Climeworks направи бизнис и со собирање донации од CO2 од разни извори, кои за одреден надомест се вбризгуваат во карпести формации покрај една електрана на Исланд. Кога ќе се најде под површината, CO2 се меша со водата и за две години се претвора во камен. Сlimework планира да изгради пилот фабрика наречена Orca која годишно на тој начин ќе закопува 4.000 тони CO2 под површината.

(Scientific American)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -