4 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Наставници од Арканзас добија покачување на платата откако училиштата се префрли на соларна енергија

Kabtel desktop

Училиштен дистрикт во Бејтсвил, Арканзас, се префрли на обновлива енергија. Поставија соларни панели и заштедија доволно средства кои потоа беа искористени за покачување на платите на наставниците. Благодарение на пониската сметка за електрична енергија дистриктот, кој е составен од една гимназија и пет други едукативни центри, наставниците добија по дополнителни 15.000 долари.

Претходно било тешко да се задржат наставниците на работа во дистриктот затоа што платите биле ниски и станува збор за рурален дел од државата каде што не живеат многу луѓе. Училиштето постави 1.500 соларни панели во 2017 година кои беа поставени на поле во близина на училиштето. Остатокот од панелите се поставени на самото училиште, а вишокот енергија од панелите се продава назад во мрежата и се користи во локалниот регион.

Јасно е зошто училишниот дистрикт сега е популарно место за наставници, а има и се помалку откази. Префрлањето на обновлива енергија во Бејтсвил не само што и помага на планетата, туку директно ги подобри животите на многу наставници и ученици во дистриктот.

(Interesting Engineering)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •