„Интел“ инвестира 20 милијарди долари во фабрики за чипови во Аризона

- Advertisement -

Американскиот технолошки гигант „Интел“ ќе инвестира 20 милијарди долари во изградба на две фабрики за чипови во Аризона, а планира и нови погони во Европа, изјави новиот извршен директор Пат Гелсингер.

„Интел“ е една од ретките компании кои сè уште сами произведуваат полупроводници и дизајнирааат и произведуваат свои чипови. Конкурентите како Квалком и Епл им го препуштаат производството на чипови на подизведувачите.

Гелсингер нагласи дека Интел ги „решил целосно“ проблемите со најновата технологија на производство и дека системот ќе биде подготвен да произведува чипови до 2023 година.

- Advertisement -

– Се планира голема експанзија на производството, што ќе вклучува 20 милијарди долари инвестиции во две нови фабрики во Чендлер, Аризона, и на идни локации во САД и Европа, истакна Гелсингер.

„Интел“ во новите фабрики ќе произведува чипови за свои потреби, но исто така ќе ги продава на други компании, потпирајќи се на моделот што го нарекуваат „леарница“ во индустријата за чипови.

- Advertisement -

Новите фабрики ќе произведуваат главно најнови модели на чипови, што значи дека „Интел“ ќе се натпреварува со Тајванското производство на полупроводници (TSMC) и корејскиот Самсунг Електроникс.

Според Гелсингер, „Интел“ ќе се обиде да ги промени односите во глобалниот сектор за полупроводници со производствен модел во кој досега беше помалку присутен. гт/

Сподели!
- Advertisement -