Автомобилите на Tesla oтсега може да се купат со биткоин

- Advertisement -

Љубителите на Tesla сега можат да си купат автомобил со биткоин, изјави основачот на компанијата, Илон Марс. Маск, кој е познат како ентузијаст за биткоин, таа најава ја направи на Twitter. Но, вредноста на биткоин брзо се намалува или расте, што значи дека и вредноста на автомобилите ќе се менува од ден во ден.

Tesla инвестираше доста пари во оваа дигитална валута – 1,5 милијарди долари. А тоа е доволна потврда за довербата која Маск ја има во биткоин, што пред околу еден месец предизвика огромен скок на вредноста на биткоин.

- Advertisement -

Вчерашниот твит на Маск исто така предизвика мало покачување на цената на криптовалутата.

Маск напиша дека Tesla ќе направи интерен софтвер кој ќе може да прими плаќање во биктоин. А во обид да ги смири ентузијастите за биткоин кои се плашат дека екосистемот на биткоин нема да напредува, Маск напиша: „Биткоините со кои ќе бидат платени автомобилите ќе останат биткоини, нема да се претворат во валута која ја контролира владата“.

- Advertisement -

Во САД нарачките за автомобилите на Tesla сега може да се осигураат со депозит од 100 долари во биткоин. Оваа опција ќе биде проширена и во други земји во текот на наредните месеци.

Нестабилната цена на биткоин ја комплицира употребата на валутата за купување предмети од реалниот свет. На пример, условите на Tesla велат дека ако треба да се рефундираат пари, може компанијата да ги врати парите како точната сума на платени биткоин или во долари во зависност од цената на автомобилот.

- Advertisement -

(BBC)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -