Pfizer тестира два нови лека кои во комбинација со вакцината ќе дадат целосна заштита од КОВИД-19

- Advertisement -

Фармацевтската компанија Pfizer ја стартуваше првата фаза од истражувањето на новиот антивирусен лек наречен PF-07321332, наменет за борба против САРС-КоВ-2. Студијата се спроведува на здрави возрасни луѓе во САД.

PF-07321332 е инхибитор на САРС-КоВ-2-3ЦЛ протеазата, кој покажа ефикасност во ин витро антивирусната активност против новиот корона вирус и против другите соеви од семејството корона вируси.

- Advertisement -

Студијата вклучува и плацебо група и се спроведува со едно и повеќе дозирања, а целта е да се анализира безбедноста, толерантноста и фармакокинетиката на лекот PF-07321332. Моментално е во фаза на тестирање на примената на две дози, откако беше спроведено тестирање со една доза.

Го дизајниравме PF-07321332 како потенцијална орална терапија која може да се препише на обичен рецепт при првите знаци на новиот корона вирус и без услов пациентите да се хоспитализирани или на интензивна нега“, вели Мајкл Долстен, шеф на одделот за развој и светски медицински истражувања во Pfizer.

- Advertisement -

Истовремено, интревенозниот антивирусен кандидат е потенцијална нова терапија за хоспитализираните пациенти. Заедно тие две терапии имаат потенцијал да создадат целосна терапија која го комплементира вакцинирањето во случаи кога болеста и понатаму се шири.

Како што спомена и Долстен, Pfizer истовремено тестира и интравенозно применлив инхибитор на протеазата PF-07304814. Тестирањето моментално се прави во повеќе дози на хоспитализирани пациенти.

- Advertisement -

(Pharmaceutical Technology)

(фото: freeimageslive.co.uk)

Сподели!
- Advertisement -