Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за  2,11 % во однос на Одлуката од 22.3.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  се намалува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2021 година.

- Advertisement -

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,966 ден/кг и сега ќе изнесува 34,426 ден/кг.

Од 30.3.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                           66,00  (денари/литар)

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС -98                            68,00  (денари/литар)

- Advertisement -

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      55,00  (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)             44,50   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      34,426  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 4,255%, дизелот за 5,212%, екстра лесното масло за 5,258%  и кај мазутот за 4,219 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,457%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.3.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 22.3.2021), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија 0,893 1,071
Австрија                         1,163 1,209
Бугарија 1,069 1,069
Хрватска 1,315 1,378
Германија 1,311 1,508
Грција 1,324 1,601
Италија 1,445 1,579
Унгарија 1,219 1,190
Словенија 1,206 1,174
Сподели!
- Advertisement -