Компанијата Sinovac тврди дека нивната вакцина може да ја примаат и деца постари од 3 години

- Advertisement -

Од компанијата Sinovac велат дека нивната вакцина против КОВИД-19 е безбедна за деца од 3 до 17 години. Овие прелиминарни податоци ги предадоа на кинеските регулатори за лекови. Повеќе од 70 милиони дози на вакцината на Sinovac се употребени ширум светот, вклучувајќи ја и Кина.

Кина ја одобри употребата кај возрасните, но досега не беше користена кај деца затоа што нивниот миунолошки систем може поинаку да реагира на вакцината.

- Advertisement -

Клиничките испитувања во рана и средна фаза со над 550 испитаници покажаа дека вакцината поттикнува имунолошки одговор“ изјави генералната директорка на Sinovac, Ганг Зенг.

Два примероци од вакцината предизвикале висока температура, а останатите испитаници имале благи симптоми. Многу е помала веројатнoста дека децата сериозно можат да се разболат од КОВИД-19, но можат да го шират вирусот. Вакцинирањето ширум светот досега се фоксуира на возрасните, но и децата ќе мора да се имунизираат за да се стопира пандемијата.

- Advertisement -

Вакцината на Pfizer може да се даца на деца постари од 16 години, а моментално се проучува дали може да биде ефикасна и кај помладди. Moderna ја проучуваше својата вакцина на деца од 12 години и постари, а минатата недела најави ново истражување на деца помали од 12 години.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -