Вакцината против КОВИД-19 на AstreZenecа конечно доби официјално име. Имено, досега вакцината се споменуваше само како вакцината на AstraZenecа, а сега и официјално е регистрирана како Vaxzevria.
Како што истакнаа во соопштение за медиуми, иако името и амбалажата на вакцината ќе се променат, тоа нема да слијае на нејзиниот состав и на функцијата. Промената на името ја одобри и Европската агенција за лекови.
Новото име е своевиден нов почеток за AstraZenecа, чија вакцина од самиот почеток го привлече вниманието на јавноста, но и контроверзии. Вакцината развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд долго време се сметаше за најизгледе кандидат за вакцина против КОВИд-19, но грешките при дозирањето во клиничката фаза го продолжија процесот на одобрување и им дозволија на конкурентите да ги претекнат.
Откако вакцината е во употреба многу држави почнаа да ја користат, а потоа или ја стопираа или ја ограничија нејзината употреба поради повеќе сомнителни смртни случаи и компликации со згрутчување на крвта. Европската агенција за лекови, како и самата компанија велат дека вакцината е безбедна за употреба и не предизвикала ниеден смртен случај.
(Zimo)
(фото: Flickr)