Rolls-Royce го прави најголемиот авионски мотор во светот

- Advertisement -

Компанијата Rolls-Royce соопшти дека почнала да го прави најголемиот мотор во светот наменет за авиони. Моторот се вика Ultrafan и има дијаметар од 3,5 метри, а целта е да помогне во редефинирањето на одржливиот воздушен сообраќај во наредните години.

Проектот го поддржуваат британската и германската влада, а деловите за моторот се произведуваат во Бристол во Велика Бритнаија и во Далевиц во Германија. Потоа се доставуваат во Дерби на завршните работи. Во Бристол се произведува системот вентилатори од карбон-титаниум, додека во Далевиц се прави 50MW Power Gearbox, кој е доволно моќен да придвижи 500 семејни автомобили.

- Advertisement -

Моторот ќе биде 25% поштедлив во однос на првата генерација Trent мотори, а тоа е многу битно со цел да се постигне одржливост во авијацијата. Поголемата штедливост ќе помогне и за полесен премин на поодржливи горива. На привте тестирања моторот ќе користи 100% одржливо авионско гориво.

Исто така, овој мотор ќе послужи како база за потенцијално ново семејство UltraFan мотори, кои ќе бидат наменети за тесни и широки авиони. Ultrafan моторот ќе има ново Advance 3 јадро со максимална ефикасност на согорување на горива и ниска емисија на штетни гасови. Неговите напредни керамички компоненти ќе бидат поефикасни на температурите на турбини со повисок притисок. Моторот треба да биде готов до крајот на годината.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -