Pfizer: Нашата вакцина е 100% ефикасна против КОВИД-19 кај децата на возраст од 12 до 15 години

- Advertisement -

Откако добија одобрение ширум светот за употреба на вакцината против КОВИД-19 кај постари од 16 години, Pfizer почна да ја тестира вакцината на помлади генерации. Така, тие сега објавија дека нивната вакцина е 100% ефикасна во заштитата и спречувањето на развојот на болеста КОВИД-19 кај помладите на возраст од 12 до 15 години.

Од компанијата истакнуваат дека во наредните неколку недели, кога ќе ги соберат сите податоци, ќе поднесат барање за итно одобрение на употребата на вакцината кај тие возрасни групи.

- Advertisement -

Се надеваме дека ќе почнеме со вакцинирање на овие возрасни групи пред почетокот на идната учебна година. Ја споделуваме желбата за што побрзо одобрение на нашата вакцина за користење кај помладата популација и охрабрени сме од податоците од клиничките испитувања кај децата на возраст од 12 до 15 години“ изјави директорот на Pfizer, Алберт Боурла.

Нуспојавите после вакцинацијата кај младите биле исти како и кај возрасните- болка на местото на вакцината, замор и главоболка. Податоците кои ги објави Pfizer се уште се нецелосни и не ја поминаа стручната проверка, па постои можност дека уште ќе се менуваат пред конечната објава и евентуалното одобрение од надлежните тела.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -