СТО: Компаниите мора да произведат доволно вакцини или да издаваат лиценци

- Advertisement -

Фармацевтските компании треба да произведат доволно вакцини против Ковид-19 за сите луѓе во светот или доброволно да ја споделат технологијата со земјите во развој, изјави за Би-Би-Си новиот шеф на Светската трговска организација (СТО), Нгози Оконџо-Ивеала. Таа посочи на примерот со договорот на „Астра Зенека“ за трансфер на технологија на производител на вакцини во Индија.

Ваквото доброволно предавање на лиценцa може да спаси многу повеќе луѓе“, вели таа во разговорот за Би-Би-Си. „Земјите во развој имаат неискористен капацитет, потребен ни е договор како што „АстраЗенека“ го склучи со Индискиот серумски институт“, рече шефицата на СТО.

- Advertisement -

Таа вели дека членовите на СТО се поделени околу предлогот за суспендирање на регулативите за интелектуална сопственост за повеќе компании да можат да произведуваат вакцини. Оконџо-Ивеала смета дека дека треба да се фокусираме на зголемување на производствените капацитети.

Неприфатливо е што 70 проценти од дозите на вакцини досега се дистрибуирани на граѓани од само 10 земји, а некои земји немаат ниту една доза, вели таа. Светската здравствена организација (СЗО) во јануари објави дека повеќе од 39 милиони дози на вакцини се распределени на граѓани од 49 богати земји и една сиромашна земја има само 25 дози. Велика Британија порача 400 милиони дози и многу од нив ќе останат неискористени. Лондон најави дека најголемиот дел од вишокот ќе го донира на сиромашните земји, потсетува Би-Би-Си.

Сподели!
- Advertisement -