Светски ден на здравје 2026: Како Galaxy Watch на Џејкоб Киплимо ги претвора податоците во перформанс за светски рекорд

- Advertisement -

Кога Џејкоб Киплимо (Jacob Kiplimo) брзо ја поминува целната линија, не трча само врз основа на талент, туку и врз основа на податоци. Ѕвездата на долги патеки од Уганда и спортист на Тимот Galaxy тренира со Galaxy Watch8, кој ги претвора сложените биометриски податоци во вредни сознанија што ја обликуваат неговата победничка стратегија.

Оваа моќна комбинација на технологија и талент веќе донесе резултати. Откако обезбеди доминантна победа на маратонот во Чикаго во 2025 година и го сруши светскиот рекорд во полумаратон овој март во Лисабон, 25-годишникот сега се стреми кон успех на Лондонскиот маратон во 2026 година.

- Advertisement -

За да го одбележи овогодинешниот Светски ден на здравјето (World Health Day – WHD) на 7 април, “Samsung Newsroom“ го замоли да го детализира својот режим на тренинг базиран на податоци, кој го отелотворува овогодинешниот слоган по повод светскиот ден – „Заедно за здравјето. Застанете со науката“.

Скриншотовите од апликацијата Samsung Health на Џејкоб Киплимо ја прикажуваат неговата разновидна тренинг-рутина, вклучувајќи лесни џогирања и трчања на долги дистанци

Со ексклузивен пристап до неговите метрики на Samsung Health, ја согледуваме неговата исцрпувачка програма за тренинг, во чии рамки поминал над 100 километри за само една недела. Откријте како сознанијата го навеле да го прилагоди својот тренинг за оптимално закрепнување и како дури и „ден за одмор“ може да вклучува трчање од 3 км.

- Advertisement -

Честитки за вашиот неодамнешен светски рекорд на Лисабонскиот полумаратон во 2026 година. Која е тајната на вашиот успех?

Нема тајна. Станува збор само за дисциплина. Мора да работите напорно, да бидете исклучително фокусирани и да управувате со вашата енергија, знаејќи кога да се одморите, а кога да се потрудите повеќе. Но, искрено, најважниот дел е што навистина мора да го сакате она кон што работите. Немаше да го срушам светскиот рекорд ако не ја следев таа формула.

- Advertisement -

Завршивте втор на Лондонскиот маратон во 2025 година и сега се подготвувате да одите чекор понатаму на овогодинешниот настан. Каква улога одигра вашиот Galaxy Watch8 во вашиот тренинг?

Мојот тренер не живее во Уганда, па затоа мојот Galaxy Watch8 во основа стана негов личен асистент тука. Иако не е со мене, може да добива анализи и извештаи во реално време за мојата форма на трчање преку функцијата „Анализа на трчање“ (Running Analysis) во Samsung Health. Го следиме мојот пулс и обрнуваме големо внимание на моето темпо за секој километар. За време на потешките тренинзи, ги следам и отчитувањата на асиметријата за да видам дали ја преоптоварувам едната страна и за да избегнам напрегање. Времето на контакт е уште еден клучен аспект на кој внимавам, правејќи мали прилагодувања на мојата форма за да се осигурам дека секој чекор е што е можно поефикасен. Секогаш се обидувам да ја подобрам мојата економија на трчање, па затоа овие сознанија се неверојатно корисни.

Податоците од Samsung Health на Џејкоб Киплимо за период од 13 до 19 март откриваат како тој ја засилува својата тренинг-рутина во текот на неделата

Гледајќи ги вашите неодамнешни податоци од Samsung Health, можеме да видиме некои јасни шаблони во вашата тренинг рутина. Кажете ни за вашиот режим.

Доследноста е клучна, но спортистите не смеат да бидат опседнати со тренинг. Она што многу луѓе не го сфаќаат е дека одморот е подеднакво важен како и физичкиот тренинг. За да се натпреварувате најдобро што можете, треба да можете да ја максимизирате вашата енергија, а единствениот начин да го направите тоа е преку постојан одмор. Но, “одмор“ не секогаш значи дека нема тренинг. Ден за одмор може да значи 3 километри трчање, наместо 40 км. Мора да бидете доследни во она што го правите, но исто така треба да го слушате вашето тело и да знаете кога да забавите. Технологијата може многу да помогне во ова.

Можете ли да ни дадете пример за тоа како еден конкретен увид од апликацијата Samsung Health ве наведе да ја прилагодите вашата програма за тренинг?

Одлуката да трчам 3 км наместо 40 км што ја споменав е вистинска приказна. Откако доживеав мала болка за време на неодамнешното трчање од 24 км, решив да го претворам она што требаше да биде трчање од 40 км во лесно џогирање од 3 км за да се осигурам дека можам да се опоравам и да имам издржливост да истрчам 40 км друг ден. Апликацијата Samsung Health ми беше многу корисна тука. Ме информираше за да можам да му дозволам на моето тело целосно да се опорави и да спречи потенцијална повреда или прегорување.

Видовме како професионален тркач како вас користи податоци за да ги постигне своите цели. Кој совет би му го дале на некој што штотуку го започнува своето патување со трчање и како функцијата “Тренер за трчање“ (Running Coach) може да го доведе на вистинскиот пат?

За почетниците, многу е важно да започнат полека и да бидат трпеливи. Со текот на времето ќе изградите издржливост, важно е да знаете кога да се натерате на повеќе и кога да престанете. Не секој има личен тренер кој ќе му изготви план за тренинг. Но, функцијата “Тренер за трчање“ обезбедува прилагодени програми за да им помогне дури и на почетниците да се подготват за маратон. Ви кажува точно што треба да правите за време на трчањето, ве мотивира и ви помага да се подобрите. Новите тркачи имаат среќа што ја имаат оваа фантастична технологија која може да ги води во секој чекор од патот. Исто така е одлична за поискусните тркачи кои сакаат да се вклучат во целосен маратон бидејќи обезбедува структурирани програми за тренинг.

Џејкоб Киплимо тренира за Лондонскиот маратон со својот Galaxy Watch8

На Светскиот ден на здравјето, пораката е „Заедно за здравјето, застанете со науката“. Како ова се однесува на вашата сопствена филозофија?

Науката ми помага во текот на целиот мој тренинг. Не знам каде би бил без можноста да ги следам податоците на мојот Galaxy Watch8. Ја користам науката за да ја обликувам мојата дневна рутина. Науката и технологијата ми помагаат да се покажам најдобро што можам и верувам дека можат да го сторат истото за секого.

Од млад тркач во Уганда до светски рекордер, Џејкоб Киплимо докажува што се случува кога неуморната посветеност се среќава со паметната технологија. Без разлика дали сте елитен спортист кој се стреми кон подиумот или некој што ги прави првите чекори кон поздрав начин на живот, Galaxy Watch8 ви обезбедува практични сознанија за да ви помогне да изградите поздрави навики и да ги постигнете вашите цели.

- Advertisement -