Нови цени на горивата

- Advertisement -

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,8 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 69 денари. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  и понатаму ќе чини 55 денари за литар, а Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) 44,5 денари.

- Advertisement -

Со одлуката на РКЕ за 0,353 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 34,779 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 2,193 отсто, намалените кај дизелот за 0,061, како и за 0,823 повисокиот курс на денарот во однос на доларот. 

- Advertisement -

(МИА)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -