Pfizer и BioNTech побараа одобрение на вакцина против КОВИД-19 за адолесценти

- Advertisement -

Американската фармацевтска компанија Pfizer и нејзиниот германски партнер BioNTech минатата недела побараа од американската регулаторна агенција одобрение за употреба на нивната вакцина против КОВИД-19 и за адолесценти на возраст од 12 до 15 години.

Таа вакцина засега има одобрение за итна употреба во САД кај луѓе постари од 16 години. Компаниите на крајот на минатата недела изјавија дека побарале проширување на одобрението од американската Агенција за храна и лекови и кај помладата популација.

- Advertisement -

Уште во март компаниите објавија дека клиничките испитувања покажале дека нивната вакцина е безбедна, ефикасна и дека создава доста антитела кај адолесцентите на возраст од 12 до 15 години. Не е познато колку време ќе им треба на регулаторите за да ги разгледаат податоците од клиничките тестирања, но директорката на американскиот Центар за контрола на болести, Рошел Валенски, изјави дека очекува вакцината за таа возрасна група да биде одобрена до средината на мај.

Moderna и Johnson&Johnson исто така вршат испитувања на своите вакцини на деца на возраст од 12 до 18 години, а податоците од клиничките испитувања на Modernа наскоро ќе бидат објавени. Pfizer и Moderna веќе почнаа испитувања и на помали деца од 6 месеци до 11 години. И двете компании порачаа дека се надеваат оти ќе можат да ги вакцинираат и најмалите деца на почетокот на 2022 година.

- Advertisement -

Вакцинирањето на децата и на најмладата популација експертите го сметаат за клучен чекор кон достигнување имунитет на стадото и сузбивање на пандемијата. Pfizer и BioNtech најавија и дека во блиска иднина ќе побараат и од останатите регулатори ширум светот да им одобрат да ја користат вакцината кај деца на возраст од 12 до 15 години.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -