Вао атмосферата наскоро ќе има повеќе СО2 отколку кога било во последните 2 милиони години

- Advertisement -

Јаглерод диоксидот се насобира во атмосферата побрзо од потребното за ограничување на глобалната температура до 1,5 степени Целзиусови над прединдустрискиот период, објави британската метеоролошка служба UK Met Office.

Тоа ограничување е клучна цел на Парискиот климатски договор од 2015 година, која изгледа дека е се потешко да се достигне. Met Office предвидува дека нивото на CO2 во мај годинава ќе достигне рекордно ниво од 426.6 честички по милион(ppm), што според проценките е повеќе од кога било во последните 2 милиони години.

- Advertisement -

Ел Нињо ја намали спосбноста на океаните да апсорбираат CO2, што резултира со поголема концентрација во атмосферата. Годинашната проценка за растот на концентрацијата на јаглерод диокдид во атмосферата е далеку над сите три сценарија компатибилни со ограничувањето на 1.5C, вели авторот на проценката на Met Office, Ричард Бетс.

Бетс вели дека се забрзал порастот на нивото на CO2 во атмосферата во последните шест децении. За глобалното ниво на загревање да остане под 1.5C, нивото на таложење на CO2 во атмосферата треба значително да се забави во наредните години и целосно да се стопира пред средината на векот. Проценките за 2024 година не покажуваат забавување на тој раст.

- Advertisement -

Met Office проценува дека моменталното загревање е на околу 1,3 степени Целзиусови над прединдустриското ниво. Надминувањето на границата од 1,5 степени Целзиусови ќе се случи откако тоа ќе биде просечната вредност во период од околу 20 години.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -