Во 2020 година зголемена продажбата на германско пиво во Британија

- Advertisement -

Продажбата на германско пиво во Велика Британија значително се зголеми минатата година, делумно поради кризата со коронавирусот и затворените пабови, што ги натера потрошувачите да купуваат пиво во супермаркетите, пренесува германската агенција ДПА.

Извозот на германско алкохолно пиво во Велика Британија се зголеми за околу 25 проценти минатата година, на 699.000 хектолитри, соопшти Здружението на извозници на пиво од Северна, Западна и Југозападна Германија (ВАБ). „Пабовите и рестораните во Велика Британија се затворени со месеци поради пандемијата, а тоа се објекти каде германското пиво се продава многу поретко отколку пивото од другите европски производители. Во исто време, продажбата на германско пиво во супермаркетите кои не се затворени е зголемена, а овој тренд на раст продолжува“, се наведува во соопштението на  Здружението. – Извозот на алкохолно пиво од Германија во Велика Британија расте во последните пет години, рече директорот на ВАБ, Роџер Вегнер, потсетувајќи дека во 2015 година, околу 409.000 хектолитри германско пиво биле извезени во Велика Британија.

- Advertisement -

Тој го спомена и придонесот за извоз на безалкохолно пиво, истакнувајќи дека Велика Британија е најголемиот германски пазар за тој пијалок. Но, за разлика од алкохолното, минатата година продажбата на германско безалкохолно пиво во Велика Британија падна од 169 на 151 илјада хектолитри.

„Безалкохолното пиво учествува со шест проценти во вкупниот извоз на германско пиво“, соопшти Здружението.

- Advertisement -

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -