Huawei во последно време го пири својот бизнис од паметни телефони и уреди на други индустрии. Така, од компанијата одговорија дека на купувачите во своите продавници во Кина ќе почнат да им нудат и електрични автомобили. Станува збор за автомобил на кинеската компанија SERES, за кој Huawei го изработил електронскиот систем.
Оваа најава претставува преседан и за индустријата за потрошувачка електроника и за индустријата за електрични автомобили. Во иднина нема да ги нудиме само најдобрите паметни решенија за паметни автомобили за нашите партнери да развиваат што подобри возила туку ќе им помогнеме во продажбата на тие автомобили преку нашата малопродажна мрежа во Кина, изјави Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer Group.
Како што објавија од Huawei, автомобилот е опремен со технологијата DriveONE Three-in-One Electric Drive, која овозможува подолги патувања, но истовремено и врвни спортски перформанси. Така, новиот автомобил SERES SF5 на купувачите им нуди досег од 180 км за пократки градски возења во целосно електричен мод, до 1000 км досег за подолги патувања. Притоа, нуди забрзување од 100 км/ч за 4,68 секунди.
SERES SF5 вклучува и опција за напојување со енергија на други возила во сообраќајот, но и на разни апарати како индукциски печки, стерео уреди и слично. Автомобилот е направен од челик со исклучителна цврстина. Засега не е познато дали Huawei планира автомобилот да го понуди и во своите продавници навор од Кина.
(Zimo)
(фото: Wikimedia, Facebook)