Google овозможи виртуелно посетување на туристички локации

- Advertisement -

Пандемијата на корона вирусот предизвика хаос во целиот свет кој вклучува и рестрикции на патувањата, но благодарение на Google сега e можно виртуелно, од удобноста на сопствениот дом да се посетат културни знаменитости, природни убавини и други локации кои се дел од светското наследство на УНЕСКО.

Корисниците преку Explore UNESCO World Heritage hub можат да истражуваат локации како француски канали, Колосеумот во Рим, Килиманџаро и вулкани во Јужна Кореја. Исто така, овозможена е и виртуелна посета на Рио де Жанеиро и Таџ Махал, а дури е можно и виртуелно да се заплива со китови во Мексико.

- Advertisement -

Виртуелните тури се корисни за луѓето да останат поврани со колективната историја во време кога патувањето главно не е возможно. Потегот на Google исто така може да биде вреден извор на нови информации за учење и професорите можат да ги запознаат учениците со природното и културното налседство.

Турнеите вклучуваат и информации за Националниот парк Јосемите во Гиза, а виртуелно може и да се посетат и различни изложби во светски музеи, да се информираат за електронска музика и да уживаат во галерии со засилена реалност.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -