После Sputnik V, Србија почнува со производство на уште една вакцина против корона вирусот

- Advertisement -

Србија планира од октомври да почне со производство на вакцината против корона вирусот на кинеската компанија Sinopharm, најави министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ.

„Пред четири дена во Белград почнавме производство на руската вакцина против корона вирусот. Тоа планираме да го направиме и со нашите кинески партнери и се надевам дека од средината на октомври годинава ќе почнеме со производство на кинеската вакцина на Sinopharm“, изјави Селаковиќ.

- Advertisement -

Тој додаде дека Србија планира процесот на вакцинација на населението да го заврши до крајот на летото.

(Beta)

- Advertisement -

Фото – Pixnio

Сподели!
- Advertisement -