Amazon отвора фризерски салон во Лондон со напредна технологија

- Advertisement -

Amazon го шири својот бизнис во уште една индустрија, која е неочекувана ако се има предвид дека основната дејност на овој гигант е е-трговија. Така, наскоро во Лондон ќе биде отворен првиот фризерски салон на Amazon. Необично за компанијата, но се подразбира дека можеме да очекуваме се само не обичен салон, туку во него ќе доминираат интересни технолошки решенија.

Услугите нема да се разликуваат премноги од традиционалните салони, но она по што ќе се разликува е огледалото со поддршка за проширена реалност. Благодарение на тоа огледало пред почетокот на стрижењето на косата и боењето ќе може да се експериментира со различни виртуелни бои и нинајси за брзо и едноставно да се пронајде боја која најмногу им се допаѓа на клиентите. Дури кога ќе се пронајде бојата, почнува вистинското боење.

- Advertisement -

Ако ова технолошко решение се покаже задоволително и ценовно прифатливо, таквите огледала во иднина ќе се прошират по салоните за убавина и ќе им ја олеснат работата на фреизерите. Освен AR огледалото, на посетителите на салонот на Amazon ќе им бидат на располагање и списанија во дигитално издание на таблетите Fire на Аmazon.

Уште една занимливост на Amazon Salon е дека во него ќе бидат изложени производи за нега на коса, а кога посетителите ќе изберат некој производ, информациите за него ќе се појавуваат на голем екран. Тие што сакаат да купат одреден производ, ќе можат да го скенираат QR кодот и тоа ќе ги однесе на страницата на Amazon каде што ќе можат веднаш да го купат.

- Advertisement -

Од Amazon нагласуваат дека ова е експериментален проект со цел демонстрирање на новите технологии и производи и немаат планови да отворат други салони на други локации. Тоа не значи дека во иднина нема да се премислат Amazon Salon наскоро ќе биде отворен само за вработените во Amazon, а потоа ќе биде достапен за сите.

(BBC)

- Advertisement -

(фото: Amazon blog)

Сподели!
- Advertisement -