19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Маск понуди 100 милиони долари награда за смислување начин за чистење на CO2 од воздухот

Kabtel desktop

Американскиот претприемач и милијардеер Илон Маск понуди 100 милиони долари награда за иноваторите ако осмислат начини за борба против климатските промени и чистење на јаглерод диоксидот од воздухот и од океаните.

„Моментално имаме само една планета. Дури и да имаме 0,1% шанси за катастрофа, зошто да ризикуваме. Тоа е лудо“, рече Маск.

Маск наградата од 100 милиони долари ја најави во јануари годинава, а на Денот на планетата Земја минатата недела ги објави упатствата за учество во натпреварот. Организаторите натпреварот XPRIZE Carbon Removal го нарекуваат „најголема мотивирачка награда во историјата“, а ќе трае четири години до Денот на планетата Земја во 2025 година.

Ловењето на јаглерод диоксидот од воздухот и складирањето привлекуваат се поголемо внимание од научната фела во ова време кога поради климатските промени се топат глечери, се создаваат огромни тропски бури и се зголемува бројот на топлотните удари.

Целиот свет работи на намалување на емисијата на СО2, но научниците велат дека како што се стремиме кон нулта емисија до 2050 година, многу битна улога ќе има технологијата за отстранување на јаглерод диоксидот од атмосферата.

Во натпреварот ќе се земат предвид трошокот и надоградливоста на технологијата. Дали ќе се отстрани доволно СО2 и дали можеме тоа да си го дозволиме како цивилизација. Тоа се работите кои се битни“ порача Маск во видео на кое стои бос опкружен со вода и дрвја.

Отстранувањето на јаглерод диоксидот може да чини по повеќе од 300 долари по тон ЦО2, а во светот годишно се продуцираат 50 милијарди тони ЦО2. Научниците проценуваат дека до 2050 година треба да се отстранат 10 милијарди тони СО2.

Мислам дека тоа е една од работите за кои треба време за да се најде вистинското решение“ изјави Маск.

Натпреварот XPRIZE Carbon Removal има за цел пронаоѓање решение за отстранување на илјадници тони СО2 од атмосферата годишно, со потенцијал за надоградба. Тие што ќе се пријават мора да имаат план за отстранување на јаглерод диоксидот за најмалку 100 години. Организаторите најавија дека ќе рецензираат пријави до средината на мај годинава.

(Reuters)

(фото: XPrize.org screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •