Дигитален текст на Њујорк Тајмс продаден за половина милион долари

- Advertisement -

Kолумнист на Њујорк Тајмс продаде еден од своите дигитални написи за 563 000 долари. Целта на написот на Кевин Рус со наслов „Купете го овој коментар на блокчејн“ беше да се тестира пазарот и да се утврди каков вид уникатни дигитални записи може да се продаваат како т.н. незаменливи дигитални токени (NFT).

NFT е дигитален „предмет“ како што е цртеж, музика, фотографија или видео со потврда за автентичност создаден со блокчејн технологијата. Автентичноста позади која стојат компјутерските мрежи се смета дека е непробојна.

- Advertisement -

Виртуелниот предмет, кој е всушност компјутерски запис, може да се продаде или размени заедно со потврда за автентичност.

Незаменливите дигитални токени станаат популарни во последните месеци бидејќи богатите колекционери среде пандемија се свртеа кон дигиталниот пазар.

- Advertisement -

Во понеделникот, првата порака објавена на Твитер се продаде за 2,9 милиони долари, а тоа беше пораката од основачот на Твитер, Џек Дорси.

На почетокот на овој месец, дигитален колаж на американскиот уметник Бипл беше продаден преку аукциската куќа Кристи за 69,3 милиони долари.

- Advertisement -

На крајот од 24-часовното наддавање за текстот на Њујорк Тајмс, колекционер по име Фарзин го купи за 350 итириуми (Ethereum), крипто-валута, во противвредност од 563.000 долари.

Рус објави дека, откако ќе бидат покриени трошоците за платформата на Фондацијата на која е продаден текстот, парите ќе бидат пренасочени кон добротворните организации кои го поддржуваат Њујорк Тајмс.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -