Airo е автономен автомобил во кој може да живеете

- Advertisement -

Не мора да сте некој експерт за иднината за да можете да замислите како ќе изгледаат автомобилите за неколку години отсега. Тоа ќе бидат возила-роботи кои ќе не носат од точка до точка без потреба ние да учествуваме во управувањето, освен внесувањето на крајната дестинација. Но, кога автономните возила ќе го достигнат тоа ниво на автономиjа ќе станат прилично досадно место , па затоа сега се развиваат решенија за тоа.

Британското дизајнерско студио British Heatherwick Studio разви концепт автомобил наречен Airo за кинескиот производител IM Motors во кој ќе можете да живеете и да се занимавате со активности како да се наоѓате во мало изнајмено студио.

- Advertisement -

Кабината на автомобилот ќе може да се пренамени во голем кревет кој на патниците ќе им овозможи да спијат во текот на возењето како да се наоѓаат во вагон од воз. Понатаму, седиштата може да се свртат кон централниот дел, а меѓу нив се извлекува мала маса, што значи дека кабината може да стане дневна соба со простор за јадење, играње карти или други активности. Покрај тоа, дизајнерите замислиле и вградување екран на извлекување за да можете да гледате телевизија, филмови или да играте видеоигри.

Но, најбитниот елемент во дизајнот на автомобилот е системот за филтрирање на воздухот, па во него има HEPA филтер кој надворешниот воздух го чисти од штетните честички, вируси и бактерии, а системот ќе помогне за развој на нови механохемиски технологии за автомобилите зад себе да не оставаат штетни гасови.

- Advertisement -

Најинтересно во целиот концепт е тоа што IM Motors планира да почне сериско производство на автомобилот уште во 2023 година.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -