EnGenius започна соработка со QSAN Technology Inc

- Advertisement -

EnGenius започна соработка со QSAN Technology Inc, искористувајќи го свичот ECS5512 10GbE кој може да работи во облак, со цел да овозможи решение за целосна конективност за QSAN’s XCubeNXT и XCubeNAS сериите – најдобрите бекап и мулти функционални центри  за деловните активности.

EnGenius, мултинационалната нетворкинг компанија, позната по производството на решенија во облак и физички решенија за мали и средни бизниси, со задоволство објави дека почнува соработка со QSAN Technology Inc за искористување на свичот  ECS5512 10GbE кој работи во облак, за обезбедување на решение за целосна 10G конективност за QSAN’s XCubeNXT и XCubeNAS сериите.

- Advertisement -

Побарувачката за податоци се зголемува на два начини: се побаруваат сè посложени податоци, но и сè повеќе корисници сакаат да добијат податоци во исто време. Тоа резултира со побарувачка за поголем пренос на податоци и кај жичените и кај безжичните конекции. За бежичните WLAN конекции, воведен е  стандардот 802.11ax (Wi-Fi 6), а за жичените LAN конекции сега е овоможена брзина и до 10GbE со бакарни жици. EnGenius ја адаптираше технологијата 10GbE на бакар во својата нова серија 10GbE приклучоци.

EnGenius 10GbE Cloud приклучоците се дизајнирани да ја задоволат зголемената побарувачка за поголема брзина на пренос за NAS апликации (склад прикачен на мрежата)  и SAN (мрежа за складирање) апликации. Комуникацијата со 10GbE приклучок ја подобрува брзината и овозможува крајните уреди да добијат пристап до поголеми податоци преку 10GbE NAS. 10GbE опсегот на LAN мрежата го зголемува просторот и капацитетот за пренос на податоци преку извори на информации (уреди за складирање) и затоа нема опасност од застој на преносот помеѓу приклучоци.

- Advertisement -

За QSAN

QSAN е пионер во ИТ индустријата посветен на заштита на податоците. QSAN создава едноставни, безбедни, стабилни и непрекинати услуги на складирање за бизниси од сите големини. Соодносот на цената и перформансите на нивните решенија овозможува конектирање на глобалните лидери и претворање на податоците во креативни производи, градење динамични способности за дигитална трансформација и планирање флексибилни стратегии за подобрување на бизнис операциите.

- Advertisement -

Унифицираното складирање со QSAN конективноста од 10GbE, овозможува примена на сите платформи одеднаш и непрекинат сервис. Уредите за складирање се дизајнирани во различни NAS форми, кои се редат едно врз друго, со цел да ја задоволат побарувачката на сите бизниси. Иновативниот софтвер гарантира интегритет на податоците. ZFS-базираниот систем за податоци користи контролни суми, за да детектира и да го коригира тивкото корумпирање на податоците. Моќниот OS, кој нуди AES-256, SED и WORM механизми, го дуплира нивото на безбедност за битните податоци на сите клиенти.

Освен тоа, корисничкиот интерфејс на XCubeNXT и XCubeNAS сериите, им помага на клиентите да спречат кражба на податоци или напад од некој заден влез. Работејќи со безбедност на податоци на повеќе начини, QSAN се фокусира на градење безбедна средина за сите индустрии. За повеќе информации посетете ја страницата www.QSAN.com.

„Ние сме секогаш посветени на правење решенија за складирање со поголеми компетенции. Соработката со EnGenius Networks е радосен момент за нас затоа што очекуваме 10GbE приклучоците да им помогнат на сите наши клиенти, без оглед на големината, да имаат подобри перформанси, со уште поголема заштита на податоците“ изјави Phil Tai, директор за продукт менаџмент во QSAN.

Адаптацијата на 10GbE LAN од QSAN го забрзува преносот на податоци преку бакарни жици. Со цел да се обезбеди интероперабилност на уредите на EnGenius и QSAN, направени се тестови за компатибилност на моделите. Приклучокот за облак EnGenius ECS5512 10GbE целосно е тестиран во лабораторија на QSAN Technology во Тајван и се квалификуваше за користење, а и е додаден во матриксот за компатибилност.

Податоците се од суштинско значење за секој бизнис. QSAN ја цени безбедноста на податоците. Додека QSAN нуди соодветни решенија за различни проблеми со безбедноста на податоците, EnGenius се фокусира на брзиот пренос на податоци, за подобро корисничко искуство. Заедно тимовите на EnGenius и QSAN успеаја да ги задоволат сите барања и докажаа дека имаат 100% интероперабилност.

„EnGenius е горд на соработката со QSAN за обезбедување решение за исполнување на денешниот предизвик со континуираниот раст на податоците. Не само што предвидуваме одлична иднина на 10GbE во медиумската и забавната индустрија, туку исто така во секторот за надзор. Заедно ќе ги исполниме сите барања и гарантираме дека нашата соработка на корисниците ќе им обезбеди покомпетитивно проширено решение“ изјави Derk Keuter, регионален менаџер на продажба во EnGenius.

За EnGenius

EnGenius е интернационален производител на иновативни мрежни решенија. EnGenius нуди комплетни безжични мрежни решенија преку неговото широко портфолио на мрежни пристапни точки, вклучувајќи ја и последната технологија за Wi-Fi 6 пристапни точки, мрежни преклопници со вградени PoE (Power-over-Ethernet) функционалности, како и мрежни приклучоци за внатрешна и надворешна употреба. Б2Б решенијата се користат во целиот свет во разни стоковни куќи, кафулиња, аеродроми, хотели, болници, сали за евенти, ресорти, музеи и секакви други локации.

Нашата мисија е да понудиме врвни податочни решенија, кои се комбинација од висока продуктивност и едноставност. Ние веруваме дека конективноста доаѓа со ветување за стабилност, богатството на опции и персонализираната услуга, како и исплатливоста. За повеќе информации посетет ја страницата www.engeniusnetworks.eu.

Решенијата на EnGenius се достапни во КАБТЕЛ, повеќе за решенијата дознајте тука.  

Сподели!
- Advertisement -