Пловечка фарма отпорна на урагани е нов извор на обновлива енергија

- Advertisement -

Нова платформа за соларна енергија го менува начинот на размислување за обновливата енергија и би можела да помогне за побрзо исфрлање на фосилните горива од употреба. Соларната фарма наречена Demonstrator неодамна во Холандија ја влечеа низводно по река за да се симулира ефект на вода и ветар на отворено море, а резултатите се одлични.

Иако иделаната локација за производот на SolarDuck се градовите и островите околу екваторот, каде што има помалку ветар. Следната верзија на Demonstrator ќе може да издржи и урагани кои се формираат околу Бермудите и Флорида.

- Advertisement -

SolarDuck дизајнираше пловчеки структури за соларна енергија кои можат да издржат крајбрежни услови на море и урагански ветришта, но ги оптимизираше за природни заливи и други предели околу брегот каде што брановите се повисоки од 3 метри. Тестирање со влечење низ река е направено на должина од 50 метри, а платформата во форма на триаголник била изложена на сили од 17,6 тони додека се движела со брзина од 7 јазли.

Со оглед на развојот на климатските промени, ова е вистинско време за Demonstrator. Градовите од Токио до Њујорк почнуваат сериозно да работат на исфрлање на фосилните горива, но на многумина им недостига примарна економска сила која ги прави градовите актрактивни, а тоа се достапните недвижности. Градовите како Хонгконг и Сингапур и други острови останаа без тло. Платформите би можеле да ги напојуваат заедниците ширум екваторот, каде што сонцето е константно, а има малку ветар, поради што искористувањето на силата на ветрот е непрактично.

- Advertisement -

SolarDuck размислува за поставување на соларни панели на врвовите на облакодерите, но на тој начин би се обезбедиле само 10%-11% од потребната енергија за градовите. Земјиштето е многу скапо, а многу домови се градат на пловечки структуро. И покрај ограничувањата, многу светски лидери имаат практични причини за да преферираат соларна енергија во однос на енергијата од ветрот.

Имено, соларната енергија е далеку најевтин метод за производство на обновлива енергија во деловите каде што има доста сонце, а нема ветар. Следниот SolarDuck Demonstrator ќе биде 13 пати поголем од сегашниот и ќе биде значително поиздржлив.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: SolarDuck)

Сподели!
- Advertisement -