Кина го лансираше главниот модул за својата вселенска станица

- Advertisement -

Long March 5B, најголемата ракета носач која ја поседува Кина, во вселената го однесе основниот модул на идната кинеска вселенска станица наречена „Небесна палата“. Модулот Tianhe е централен модул на станицата за која ќе треба да се направат 11 лансирања за идната година да може да биде фунцкионална во пониската Земјина орбита.

Модулот Tianhe од 11 тони ќе служи како станбен простор за тројцата астронаути кои ќе престојуваат во идната вселенска станица, која ќе претставува конкуренција за Меѓународната вселенска станица и треба да биде оперативна најмалку 10 години.

- Advertisement -

„Небесната палата“ ќе орбитира на висина од 340 до 350 км од Земјата, а кога ќе биде довршена, ќе има вкупна маса од 80 до 100 метрички тони, односно околу една петтина од масата на Меѓународната вселенска станица.

Кина сака да стане една од најголемите вселенски сили до 2030 година, а нејзината станица треба да биде технолошки супериорна во однос на Меѓународната вселенска станица, чиј рок на траење веќе се приближува.

- Advertisement -

Освен земјината орбитална станица, Кина планира и други амбициозни вселенски проекти, вклучувајќи и спуштање луѓе на Месечината и изградба на месечева база, а во орбитата на Марс веќе го има леталото Tianwen-1, кое во јуни годинава треба да спушти роботски ровер на површината на Црвената планета.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -