НУК бара рамноправно вакцинирање на сите угостители

- Advertisement -

Независната угостителска комора (НУК) попладнево преку соопштение реагира што не биле консултирани и викнати на состанокот на кој се разговарало за вакцинирање со стопанските комори.

НУК бара рамноправно вакцинирање на сите угостители и угостителски работници, а не вакцинација на, како што се вели, привилегирани членки на овие комори.

– Ги прашуваме јавно и транспаретно и министерот Венко Филипче и претседателите на овие комори зошто угостителите и Независната угостителска комора, која најмногу допринесе во остварување на правата на угостителите во изминатиот период, повторно се игнорираат и деградираат. Зарем не беше доволно што Стопанската комора на Северна Македонија ја искористи себично за лични интереси и само за своите членки донацијата за вакцинација дадена од соседна Србија која имаше обврска да ја сподели со сите комори, се наведува во реакцијата.

- Advertisement -

Од НУК бараат министерот за здравство јавно да им се извини на сите угостители, а Министерството за здравство во најкус рок да ги објави начините планирани за вакцинирање што се договорени на состанокот со коморите.

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -