Facebook воведува ново правило за споделување објави

- Advertisement -

Facebook преку Twitter соопшти дека воведува нви правила во склоп на кои почнува да испробува нов потсетник кој корисниците ќе ги праша дали сакаат да ја споделат објавата која уште не ја отвориле.

Имено, доколку се случи корисникот да не отвори линк кој сака да го сподели, пред да го направи тоа ќе излезе порака која ќе ги потсети да ја прочитаат објавата пред да ја споделат, што е и целта на оваа компанија.

- Advertisement -

Портпарол на Facebook нагласи сека додатокот ќе стигне до вкупно 6% од корисниците на оваа социјална мрежа кои користат Android.

„Денес почнуваме со тестирање на новиот начин на промвоирање на информирано споделување објави. Ако објавувате нешто што не сте го прочитале, ќе се обидеме да ве охрабриме сепак да го отворите пред да го споделите со други луѓе“ се вели во објавата на Twitter.

- Advertisement -

Поттикнувањето на луѓето да ги прочитаат објавите пред да споделат може да се сфати како борба на Facebook против ширењето дезинформации со кои се бореше компанијата минатите неколку години. Така, пораката и ќе ги предупреди корисниците дека ако не ја отворат објавата може да значи дека некои клучни факти ќе ви бидат непознати затоа што насловите најчесто не ја откриваат суштината на целата приказна, пишува The Verge.

(The Verge)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -