YouTube планира да ги награди корисниците и инфлуенсерите со 100 милиони долари

- Advertisement -

Големиот успех на TikTok се обидуваат да го копираат и други големи технолошки компании. Својата копија ја претставија и Facebook, односно Instagram (Instagram Reels), Snapchat го претстави Spotlight, a YouTube го претстави Shorts. За да ги привлечат корисниците, а особено инфлуенсерите да создаваат што поинтересни и вирални видеа, компаниите основаа наградни фондови од кои им плаќаат добри суми за содржините што ги објавуваат.

Таков фонд најави и YouTube, па преку YouTube Short Fund во текот на оваа и идната година на корисниците ќе им платат вкупно 100 милиони долари. Тие пари ќе бидат поделени меѓу бројни корисници и инфлуенсери чии видеа ќе ги исполнат условите за награда. Од YouTube уште немаат објавено кои се тие услови. Она што е познато е дека креаторите и инфлуенсерите нема да можат да се пријавуваат за наградите, туку екипа од YouTube ќе ги контактира корисниците чии видеа ќе стекнат доволна популарност за да добијат финансиска награда.

- Advertisement -

Содржините мора да бидат оригинални, па затоа нема да се наградуваат видеа кои веќе се објавени на други платформи како TikTok илиi Instagram. Со новиот фонд YouTube сака да ги постави темелите за долгорочен монетизациски модел за Shorts на YouTube. Првите исплати се најавени за неколку месеци и од YouTube нагласуваат дека ќе ги слушаат реакциите на корисниците и на инфлуенсерите за да ја подобрат програмата за сите кои ја користат Shorts.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -