Земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за отворање на надворешните граници за вакцинираните граѓани од трети земји

- Advertisement -

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ со согласија за мерките кои им овозможуваат на вакцинираните лица од трети земји да влезат во блокот на Унијата, јавува „Евроњуз“.

Портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд изјави дека претставниците на земјите-членки дошле до договор, но дека сепак тоа треба официјално да биде усвоено и од Европскиот совет.

- Advertisement -

Тоа беше нешто „што разбираме дека ќе се случи многу наскоро“, додаде тој.

Со приближувањето на летната туристичка сезона, амбасадорите на 27-те земји-членки ја одобрија препораката на Европската комисија.

- Advertisement -

Предлогот ќе овозможи влез во ЕУ за оние кои ги добиле потребните дози на вакцини одобрени од Унијата против Ковид-19.

Во март минатата година. ЕУ ги затвори своите надворешни граници за „несуштински патувања“ и од јуни состави потесен список на трети земји чии жители, независно од тоа дали се вакцинирани или не, можат да влезат во блокот на Унијата.

- Advertisement -

На списокот моментално се наоѓаат Австралија, Израел, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореа, Тајланд и Кина.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -