Кинескиот ровер ги испрати првите фотографии од Марс

- Advertisement -

Кинеската вселенска агенција ги објави првите фотографии од нивниот ровер Zhurong, кој минатата недела успешно слета на површината на Црвената планета. Првите фотографии кои ги направи роверот го прикажуваат неговиот поглед на платформата на која слетал и погледот на неговите соларни панели.

Кинеските научници се надеваат дека од Zhurong ќе успеат да извлечат најмалку 90 дена целосна оперативна спремност. Zhurong слета на подрачјето Утопија Планитија, кое претставува огромна територија на северната хемисфера на Марс. Роверот наликува на првите ровери на НАСА, Spirit и Opportunity, од периодот на 2000-тите години. Тежи 240 кг, а енергија добива од преклопни соларни панели.

- Advertisement -

Има и висок јарбол на кој се сместени камерите, кои помагаат во неговата навигација. Тука се и пет дополнителни инструменит кои ќе ја истражуваат минерологијата на карпите и на околината, како и временските услови. Zhurong има и ласерска алатка со која ќе буши камења за да направи нивна хемиска анализа.

(BBC)

- Advertisement -

(фото: OAE)

Сподели!
- Advertisement -