Македонскиот зелен пасош на граѓаните ќе им биде достапен веќе од следната недела, најави министерот за здравство Венко Филипле.
-Документот ќе може да се добие преку матичен лекар и истиот ќе има QR код, кој преку вклучување на камерата од мобилниот телефон ќе може да го симнете во вашиот мобилен апарат. QR кодот односно дигиталната апликација има можност да содржи три податоци – податок за вакцинација (датум на вакцина/ревакцина и тип на вакцина), податок за негативен ПЦР тест (ќе се надградува со секое следно ПЦР тестирање) и податок за соодветна количина на детектирани антитела како доказ за прележана болест, објасни министерот.
Дали во земјите од ЕУ ќе може да патуваат вакцинираните со руската Спутник или кинеската Синофарм, Филипче вели во моментот не може да се каже. Токму вакви вакцини имаат примено најголемиот дел од имунизираните во државата.
За македонските граѓани што се вакцинирале во некоја од соседните земји, министерот изјави дека ќе треба да извадат потврда дека се вакцинирани таму, бидејќи, како што рече, во документот мора да се внесе серијата на вакцината со која се вакцинирани.
Фото – ccnull.de