Во Њујорк отворен парк кој „лебди“ над реката Хадсон

- Advertisement -

Лебдечки парк кој лежи на 132 бетонски тулипани над реката Хадсон беше отворен вчера во Њујорк како симбол за повторно родениот град после пандемијата, која силно го обележа. Паркот Little Island, достапен бесплатно преку два пешачки мостови, е изграден на местото број 54 за паркирање на бродови на компанијата White Star, каде што во април 1912 година се истовариле преживеаните од Титаник.

Вештачкиот остров чинел околу 20 милиони долари и во најголем дел е финансиран од претриемачот Бери Дилер и неговата сопруга, модната креаторка Диане фон Фурстенберг. Tој изјави дека првите 20 години ќе ги преземе трошоците за одржување на паркот. Вкупно неговиот придонес за паркот можеби ќе достигне 380 милиони долари, што е приватна донација за некој јавен парк без преседан.

- Advertisement -

Изграден на различни висини од 5 до 18 метри за да се создаде релјеф, тулипаните се тешки по 68 тони, а во паркот се засадени и 350 видови билки, грмушки и дрвја.

Сместен е меѓу 13. и 14. улица и на него се наоѓа амфитеатар со околу 700 места. Дел е од Хадсон ривер парк на крајниот југ на Менхетен. Архитектката Сиње Нилсен, која го осмислила уредувањето на паркот, сака посетителите да го напуштат градот и да влезат во простор со изненадувања.

- Advertisement -

(SEEBiz.eu)

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -