Шпанско истражување за комбинирање на вакцините против КОВИД-19 утврди дека вакцинирањето со вакцината на Pfizer како втора доза после прва доза примена од вакцината на AstraZeneca е ефикасно и безбедно. Истражувањето наречено Combivacs, кое го направи шпанскиот Институт за здравје Carlos III., утврди дека количината IgG антитела во крвотокот е од 30 до 40 пати повисок кај луѓето кои како втора доза добиле вакцина на Pfizer отколку во контролната група кои добиле само прва доза на AstraZenecа.
Истовремено, количината неутрализирачки антитела пораснала за седум пати после вакцинирањето со доза на вакцината на Pfizer, што е значително повеќе отколку после примањето на две дози на вакцината на AstraZenecа.
Во истражувањето учествувале околу 670 доброволци на возраст од 18 до 59 години кои веќе ја примиле првата доза од AstraZeneca, а околу 450 од нив како втора доза добиле од вакцината на Pfizer.
Само 1,7% од испитаниците пријавиле нуспојави како главоболка и болки во мускулите и вакцинираните генерално се чувствувале лошо. Меѓутоа, истражувачите велат дека тоа не се симптоми кои може да се сметаат за сериозни.
Во британско истражување за комбинирање на вакцините првите резултати неодамна покажаа дека луѓето вакцинирани со вакцина на Pfizer, па втората доза со вакцината на AstraZenecа или обратно имаат поголема веројатност да развијат благи до умерени симптоми како главоболка или треска отколку луѓето кои примиле две дози од една иста вакцина.
Шпанија ја ограничи примената на вакцината на AstraZenecа на постари од 60 години поради загриженост за можни појави на згрутчување на крвта кај помладите луѓе после вакцинирањето. Денешните резултати ја потврдуваат можноста за вакцинирање со Pfizer на пациентите кои примиле прва доза од AstraZenecа, но одлуката не е на научниците, вели Хесус Антонио Фриас , клинички директор на Carlos III.
(Zimo)
(фото: cc.null.de )