Пчеларките од „Меден Исток“ ги охрабруваат и другите жени кои имаат желба да одгледуваат пчели, да не се двоумат во одлуката

- Advertisement -

Во ЈГПБР „Меден Исток“, 30% од членовите се жени од руралните средини од Брегалничкиот Регион. Повеќето од нив со пчеларство започнале откако се вклучиле во обуките за пчелари-почетници организирани од Програмата за зачувување на природата – ПЗП.
Како што пишува ппорталот Агротим, денес тие дополнително го зголемиле бројот на пчелни семејства и размислуваат оваа дејност да им прерасне во сериозен извор на приходи, но сепак истовремено грижејќи се за природата и за биолошката разновидност.

Нада Јангеловска

- Advertisement -

„Пчеларството е дејност која треба да се работи со многу љубов и грижа кон пчелите“ е пораката на Нада Јангеловска од Македонска Каменица која што со пчеларство се занимава од 2015 година и е активен член на ЈГПБР „Меден Исток“ од самите почетоци.

Преку Програмата за зачувување на природата (ПЗП) таа успеа да ги надгради нејзините знаења и вештини за одгледување на пчели и постепено да ги зголемува пчелните семејства. Како жена од рурална средина која се занимава со пчеларство, Нада ги охрабрува и другите жени кои имаат желба да одгледуваат пчели, да не се двоумат во одлуката, бидејќи жената како и мажот може исто да ги одгледува пчелите, но и да остварува дополнителен приход.

- Advertisement -

Наташа Петрушева

Пчеларникот на Наташа Петрушева се наоѓа во прекрасната природна средина во речиси целосно отселеното с. Бунеш на 690 м.н.в во близината на Пробиштип. За прв пат со оваа дејност се сретнала на обуката за млади пчелари во Брегалничкиот регион, организирана од Програмата за зачувување на природата (ПЗП) и сега заедно со нејзиното семејство е посветена на проширување на пчеларникот и остварување на основни приходи од пчеларството.

Со спроведување на активностите на ЈГПБР „Меден Исток“ за интегрирање и промоција на одржливиот начин на пчеларење, пчеларството станува сè поатрактивно за жените од руралните средини, што дополнително охрабрува и многу други да се занимаваат со пчеларство.

Текстот и фотографиите се преземени од www.agrotim.mk, со одобрување од редакцијата.

Сподели!
- Advertisement -