Amazon сака да вработи 75.000 работници

- Advertisement -

Компанијата Amazon сака да вработи 75.000 луѓе и одлучи да понуди бонуси за да привлече работници. Еден од тие бонуси е 100 долари плус за новите работници кои се вакцинирани против корона вирусот. Меѓу работните места за кои Amazon бара работници се и доставувачи и работници за во магацин, односно пакување на онлајн нарачки.

Amazon досега на работниците им плаќаше најмалку 15 долари на час, а минатиот месец ја зголеми платата на некои од работниците. Компанијата сега соопшти дека новите вработени ќе заработуваат најмалку 17 долари на час.

- Advertisement -

Amazon не откри дали има тешкотии при наоѓањето работници, додека други компании велат дека имаат доста проблеми затоа што Американците почнале повеќе да мигрираат отколку претходната година.

Има повеќе причини зошто нема доволно работници на пазарот на труд, а меѓу нив е и стравот од заразување со корона вирусот и потребата да се остане дома заради грижа за децата.

- Advertisement -

Amazon само во 2020 година вработи 500.000 луѓе за да може да се справи со наглиот скок на бројот на онлајн нарачки во текот на пандемијата на корона вирусот.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -