Со свечена церемонија за доделување на наградите, на мал настан организиран од страна на жирито на Златно Тркало и се пренесуваше во живо на социјалните мрежи, новите ŠKODAOCTAVIA и OCTAVIA COMBI ја примија главната награда за Најпосакуван Автомобил на Годината и Најпосакуван Семеен Автомобил. Овие награди претставуваат вистинско признание од јавноста за новата, 4-та генерација на OCTAVIA.
Со освојувањето на најголем дел од гласовите на јавноста, наградата Златно Тркало во категоријата Најпосакуван Семеен Автомобил беше примена од страна на Бренд Менаџерот на ŠKODA – г-дин Миле Станчев, кој истакна дека ова признание целосно го потврдува големиот интерес за новиот модел и нагласи дека сите карактеристики, технологија и практичните елементи ја ставаат новата OCTAVIA на врвот над своите конкуренти.
Главната награда за Најпосакуван Автомобил на Годината, исто така ја освои новата OCTAVIA со повеќе од 54% од вкупните гласови од јавноста. Генералниот Директор на Порше Македонија, г-дин Златко Муцунски ја прими наградата на вчерашната церемонија и јасно нагласи дека новата насока во која се движи ŠKODA го отвора патот за силен имиџ на брендот и препознавање од страна на јавноста на перцепцијата за квалитет, практичност, економичност и врвна технологија која ја нуди оваа нова генерација на OCTAVIA.
Жирито на Златно Тркало е составено од најголемите и најреномираните автомобилски новинари во државата: Авто Плус, Car Club, Cars by Vik и RPM.