Мате Римац стартува проект за автономни електрични такси во Загреб

- Advertisement -

Основачот на компанијата Rimac automobili, Мате Римац, го направи првиот чекор кон реализацијата на проектот вреден 450 милиони евра за воспоставување на мрежа од автономни такси возила во Загреб.

Во 2024 година Загреб ќе стане првиот град во светот во кој ќе биде достапна услугата роботакси, односно користење беспилотни електрични такси преку апликација. Звучи незамисливо? Ако му веруваме на Мате Римац, тоа наскоро ќе стане реалност.

- Advertisement -

Мате Римац тргнува со изградба на паркови, плоштади, паркизни и станици за полнење на електрични беспилотни такси возила. Натпреварот е распишан и решенијата од архитектите пристигнуваат, а целиот проект би требало да биде довршен до крајот на 2022 година. На почетокот на Јарунска улица Римац ќе направи база за роботакси, од каде што ќе возат по целиот град и ќе се враќаат на полнење на батериите.

Комплексот го носи официјалното име Центар на мобилност, а ќе се состои од градски плоштад, парк и објект со електрични полначи. Тоа е само првиот чекор кон реализацијата на проектот на Римац. Како што велат од Rimac Automobili, идејата е Центарот за мобилност да служи за две цели. Од една страна, да има социјална улога, каде што луѓето ќе се запознаат со новите технологии и да разговараат со експерти, а од друга страна ќе има и функционалнa улога за полнење, одржување и чистење на рототаксите на еколошки одржлив начин.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -