Христо Ивановски нов главен уредник на „Скопско Ехо“, Антонио Спасев ќе работи на нови медиумски проекти

- Advertisement -

По скоро пет години и 173 испечатени броеви на весникот „Скопско Ехо“, неделникот добива нов главен и одговорен уредник. Од овој број со овој медиум (како и со истоимениот портал) раководи Христо Ивановски, новинар со тридецениско искуство.

Ивановски (лево на фотографијата) работел во весниците „Нова Македонија“ и „Дневник“, каде имал уредничка позиција, како и во неколку портали, а беше и политички аналитичар во националната ТВ Алфа. Тој најавува дека ќе го продолжи уредувачкиот тренд и стандардите кои во многуте броеви ги има поставено весникот, а тоа е пред се да му се даде значење и достојно место на граѓанинот, или како што самиот вели: „Ехото на граѓанинот е посилно од гласот на политичарите“.

- Advertisement -

Досегашниот главен уредник Антонио Спасев кој го осмисли и реализира „Скопско Ехо“ останува во компанијата и ќе работи на развој на нови медиумски проекти кои ќе го надополнат весникот кој до сега низ Скопје се подели во неверојатни над 4,7 милиони примероци.

Сподели!
- Advertisement -