Кога пред 5 години се појавија првите информации за новиот мистериозен оперативен систем на кој работи Google имаше многу малку информации за тоа. Се знаеше само дека тој оперативен систе може да ги замени Chrome OS и Android и дека ќе може да се користи на сите уреди.
Иако во текот на годините девелоперите на Google повремено покажуваа како треба да изгледа Fuchsia OS, немаше никакви информации за тоа кога ќе стане достапен за јавноста. Се досега.
Имено, од Google oбјавија дека Fuchsia OS е лансиран во целиот свет. Поточно, надградбата на новиот оперативен систем прва ќе ја добијат Google Nest Hub уредите лансирани во 2018 година. Интересно е тоа што корисниците на тие уреди нема ни да забележат дека нивните уреди се ажурирани на новиот софтвер.
Новиот оперативен систем, исто така, во текот на наредните неколку месеци ќе почне со тестирање во реални услови. Најпрвин преку програмата Preview Program, а потоа и за сите корисници.
Се претпоставува дека Google многу внимателно ќе го лансира новиот систем за да можат навреме да реагираат ако има какви било проблеми. Се проценува дека Fuchsia OS првенствено ќе го замени досега користениот и базиран на Linux, Cast OS, кој се користи во паметните уреди во домовите.
Засега нема информации кога другите уреди освен Nest Hub може да го добијат новиот оперативне систем.
(9to5google)
(фото: Flickr)