Xiaomi направи технологија која ќе ги полни батериите на телефоните за само 8 минути

- Advertisement -

Додека ќе треба да почекаме да видиме некоја револуционерна технологија за подолго траење на батериите на телефоните, производителите на мобилни телефони остварија напрадок во поглед на технологијата за полнење на батериите. Компаниите Xiaomi и Oppa минатата година претставија технологија за полнење батерии која во рок од 20-ина минути може целосно да ја наполни батеријата.

Xiaomi сега отиде чекор понатаму и претставија технологија со која батериите од 0 до 100% ќе се полнат за помалку од 10 минути. Новата 200W технологија за полнење се вика HyperCharge, а ја демонстрираа на модифициран модел на телефонот Mi 11 Pro. Како што може да се види од видеото, батеријата на телефонот може да се наполни до максимум за само 8 минути, а за да се наполни до 50% потребни се само 3 минути.

- Advertisement -

Кинеската компанија претстави и нова технологија за безжично полнење, па така со технологијата 120W HyperCharge без кабел телефонот може да се наполни со 100% за 15 минути. За да се наполни до 50% доволни се 7 минути.

На страницата Android Authority предупредуваат дека ваквата технологија во теорија може да ја загрева батеријата, што може да влијае на траењето на батеријата. Од Xiaomi не објавија кога технологијата HyperCharge за брзо полнење ќе биде достапна на нивните телефони.

- Advertisement -

(Android Authority)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -